28/02/2020

Работилница и презентација во АД Славеј

На 28 февруари 2020, во организација на „Мобилност Македонија“ и АД „Славеј“ од Скопје, успешно беше изведена презентација на инвалидски колички – разни типови достапни за лицата со телесна инвалидност – параплегија. После долгогодишни напори се успеа подзаконскиот акт – правилникот на Фондот до некаде да ги ублажи повеќегодишните напори на „Мобилност Македонија“ за реалните и рационални потреби од овие суштински помагала за мобилност на параплегичарите. Пред повеќе од осумдесетина лица, од кои повеќето беа од Скопје, успешно беа презентирани повеќе видови на инвалидски колички кои се на терет на Фондот, но и со можност за доплата од лицето на кое му е ординирана. Модалитетите при препишувањето сè уште не се финализирани. „Мобилност Битола“ со своја екипа активно учествуваше на оваа манифестација.