23/09/2012
На 23.09.2012 година, недела во сончево и мирно време беше изведен еднодневен излет на членовите на МОБИЛНОСТ БИТОЛА. После организационите подготовки и едно одложување поради лошото време, со автобус на „Боби Турс“ околу педесет членови уживаа во претстојот во манастирскиот комплекс.
Поаѓањето беше закажано за 8 часот. Сите предвидени и пријавени веќе беа на закажаното место, а патем на поминување низ Ресен, таму се качија и тамошните членови. Љубезните домаќинки веќе нè чекаа со веќе подготвен убав манастирски грав. Прво запаливме свеќи во манастирската црква, а потоа продолживме со песни и игри. Со вкусниот ручек го заокруживме претпладневниот излет.
Попладнето следуваше прошетка по падините и ливадите каде што членовите собираа цвеќиња и лековити билки за чај. Остатокот од претстојот повторно беше исполнет со песна и игра и на крајот со пиење кафе. Во попладневните часови се поздравивме со нашите љубезни домаќинки и задоволни се вративме дома. Ваквите дружења на излети остануваат во трајно сеќавање.