01/08/2014
Во организација на Агенцијата за вработување на Македонија и експерти од ЕУ, на Твининг проектот кој се одржа на 30.07.2014 година во просториите на Центарот за вработување во Битола беше успешно реализирана работилница на која учествуваше и преставникот од „Мобилност Битола“, Фанче Ѓеоргиевска, која со своите дискусии многу успешно придонесе во реализацијата на работилницата. Инаку самата работилница е дел од пилот проектот на ЕУ во чии рамки се вклучени Битола, Скопје, Тетово и Куманово. Во работата зедоа учество повеќе експерти од земјата и странство. Работилницата ја отвори и успешно ја водеше Јешим Сефулоска, раководител на Центарот за вработување во Битола, Горан Петковски, раководител за европски интеграции, Абдусамед Шабани, заменик директор на АВРМ, Нијоле Макевикиене (Nijole Mackeviciene), МТ експерт од Литванија и Аксел Бергер (Axel Buerger), РТА експерт и твининг советник од Германија.
Ваквите работилници се наменети за подигање на капацитетите на сите чинители во локалниот развој на локалната заедница, од наш аспект за вработување на сите нивоа на лицата со инвалидност, посебно со телесен инвалидитет. „Мобилност Битола“ со своите активисти редовно учествува на овие работилници и го подигнува капацитетот за организирање на следни активности наменети за оваа проблематика.