14/07/2015
На 14.07.2015 година, во канцеларијата на „Мобилност Битола“ во Ресен беше успешно изведена обука на работно ангажираните лица преку Агенцијата за вработување во Ресен. Веќе втор месец напоредно се одвиваат активностите на обострано задоволство. На овој состанок, покрај ангажираните лица Антонио Милошевски (правен советник), Катерина Ставревска (психолог), Катерина Нечовска (личен асистент), Васка Китановска (личен асистент), Даниела Македонска (личен асистент), Наташа Доревска (физиотерапевт), Гордана Проевска (физиотерапевт) и Оливера Китановска (личен асистент), присутни беа и активистите од Ресен Гордана Стојановска, д-р Сања, Сотир Чаушевски и Николчо Ристевски, преставникот од кабинетот на градоначалникот на Ресен, господинот Наумче Ташовски, како и претставниците и обучувачите од „Мобилност Битола“, претседателот прим. д-р Нико Јанков, доц. д-р Сашо Кочанковски, Митко Фидановски, Фанче Ѓеоргиевска, Сотир Јоновски и претседателот на Надзорниот одбор на „Мобилност Битола“, Димче Христов.
Поздравувајќи го настанот, како дел од активностите и сите други кои следуваат со очекуваните резултати, д-р Нико истакна дека ваквиот начин е многу важен како пилот програма со кој ќе ги трасираме сите подоцнежни активности во поширокиот регион на делување на „Мобилност Битола“, но и пошироко во целата држава, со активна поддршка на „Мобилност Македонија“. Наумче Ташовски истакна дека општината Ресен со сите расположливи средства и човечки потенцијали активно ќе ги подржи сите активности на „Мобилност Битола“ - канцеларија Ресен и дека се прават напори времето на траење на проектот да се пролонгира до година дена, за што постојат и реални услови. Нашите надежи остануваат дека ова ќе се обистини.
Потоа Сашо и Митко во соработка со другите обучувачи ја остварија предвидената програма. Со исцрпување на предвидените активности се поздравивме со љубезните домаќини и договоривме нови средби и консултации кои ќе бидат од интерес за проектот.