12/01/2016

„Мобилност Битола“ на прослава за Стара нова година и Василица

               На 12 јануари 2016 година, во ресторанот „Премиер Центар“, членовите на „Мобилност Битола“ ја одржаа традиционалната василичарска забава по повод Стара нова година. Како и секогаш, повеќе од 30 членови се забавуваа и дружеа во пријатна атмосфера. Овој пат најмногу среќа имаше нашата членка Биљана Тодоровска, која го најде парето.
Во весела и пријатна атмосфера, дружењето продолжи до доцна на полноќ. Се разделивме со пријатни чувства на заедништво и поттик за понатамошни дружења и постигнување резултати при севкупното живеење и активности. Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2016 година!