06/06/2017

Округла маса за персонална асистенција во Хотел „Капри“ Битола

  На 06.06.2017 во Хотел „Капри“ успешно беше реализиран настан во рамките на проектот Персонална асистенција кој веќе две години е дел од активностите на Социјална инклузија на лицата со инвалидност со поддршка на специјализирани агенции на ЕУ. Со посредство на два експерти, учесниците во проектот (корисници/даватели на услуги, координатор и сервис провајдерот – Мобилност Битола) имаа можност за интерактивна размена на мислења за текот и самото реализирање на активностите и односите корисник – давател, пилотирање извештаи и консултации во тек. Се на се добра прилика за размена на мислења и искуства за обостран интерес. Активностите продолжуваат.