24/06/2017

Генерална проба за музичките средби во Битола

На 24 јуни 2017 година, во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа генералната проба за традиционалните музички средби на „Мобилност Македонија“, кои секоја година се одвиваат во рамките на летниот фестивал „Струмица опен“ во Струмица. Во релаксирана атмосфера, повеќе од дваесет изведувачи во придружба на проширениот состав на КУД „Феникс“ ја заокружија изведбата за настапот во Струмица. Секако дека таму ќе има уште една проба и ние им посакуваме успешен настап на нашите учесници пред струмичката и пошироката јавност. Организаторот и домаќин „Мобилност Македонија“ се погрижи за дружење и пријатни моменти во ресторанот „Корзо“ во Битола.