05/07/2017

Тркалезна маса за персоналната асистенција во Скопје

На 5 јули 2017 година, во хотел „Карпош“ во Скопје беше одржана тркалезна маса за стандардите за лична асистенција, искуства, заклучоци и препораки од пилотирањето на моделот. Од „Мобилност Битола“ учествуваа Сотир Јоновски и Лидија Велјановска, кои ги пренесоа впечатоците од размислувањата на корисниците и асистентите на овој модел. Нашето здружение ќе заземе конечен став после анализата на размислувањата и координација со сите здруженија од „Мобилност Македонија“.
Сметаме дека е многу важно да земеме активно учество во дооформувањето на законската регулатива врз основа на сопствени, реални искуства собрани на терен. Во секој случај, ваквите средби се корисни и ќе продолжиме да ги практикуваме.