01/09/2017

Осврт – персонална асистенција

Беше и помина. Надежите големи, очекувањата скромни. Реализацијата во планираното, комуникацијата електронско – исполнителна. Со овие три просто-проширени ило прости реченици може да се опише проектот на Европската Унија и Министерството за труд и социјална политика, кој практично траеше две години, а нашето вклучување во практичната реализација започна кон крајот на мај до почетокот на јули годинава. Во овој период проектот практично се „затвори“. Во работната везија за реализација сè „добро“, освен „неколку“ мали работи кои глобално не влијаат на проектот. Дел од него беа неколку здруженија од „Мобилност Македонија“, кои главно си го завршија својот дел од обврските.
После подготовки и обуки на корисници, асистенти и даватели на услуги, започна и заврши планираниот прв дел, исто како и вториот, а потоа комуникацијата наеднаш се пресече, како кога некој ќе ја пресече струјата. Ние сме подготвени за соработка и почитување на сите барани обврски, со надеж дека и другата страна ќе го направи истото, односно ако има потешкотии, да ја објасни новонастанатата состојба и правци на делување кон решавање на проблемот.
Ние се надеваме дека ваков вид на соработка и комуникација нема повеќе да се повтори. Остануваме отворени за соработка со јасни правци за комуникација, реализација и почитување на партнерските односи. Преземените обврски од договореното мора да важат подеднакво за сите.