23/11/2018

ОКР – процес што продолжува

На 23 ноември 2018 година, претставници на „Мобилност Битола“ и „Хумана Преспа“ остварија контакти со претставникот на општина Ресен, Ружица Перевска, а претходно беше посетен и ресторанот „Две лири“, каде што ќе се одржи тематската работилница за продолжување на проектот за општествено-корисна работа, во соработка со УНДП, општина Ресен и „Хумана Преспа“. Во просториите на „Мобилност Битола“ во Ресен беа извршени интервјуа и со пополнувањето на анонимни прашалници на трите категории – корисници, даватели на услуги (асистенти) и граѓани – ќе се добие општа слика за досегашниот тек на проектот. Се набљудуваше и начинот на практикување и беа договорени целите што ќе бидат изнесени на претстојната работилница, која е планирана за 22 декември 2018 година. Покрај членовите на „Мобилност Битола“, на овој настан ќе бидат поканети и претставници на други здруженија од „Мобилност Македонија“, првите луѓе од локалната самоуправа на Ресен и на пелагонискиот регион (Битола, Могила и Новаци), корисници и извршители, како и други пријатели и поддржувачи на проектот. Настанот ќе биде поддржан и од медиумите, а ќе бидат изработени летоци и плакат.