22/12/2019

Тематска средба во Ресен

На 22 декември 2018 година во ресторанот „Две лири“ во Ресен се одржа средба на тема „Општинско-корисна работа“ - проект на општина Ресен, „Мобилност Битола“ и „Хумана Преспа“, со поддршка од УНДП. Сметајќи од 2015 година, кога првпат започна, ова е четврта година за овој проект со 40 корисници и 8 даватели на услуги, кој со наизменична поддршка од општина Ресен и УНДП во периоди од шест месеци, го одржа континуитетот во напорите за инклузија на лицата со инвалидност. Опфатот е на повеќе категории на лица со различна инвалидност и потреби. Во отворањето и воведот, активно учество зедоа повеќе лица меѓу кои: претседателот на „Мобилност Битола“ – прим. д-р Нико Јанков, претседателот на „Мобилност Македонија“ – Бранимир Јовановски, градоначалникот на општина Ресен – д-р Живко Гошаревски, координаторката за општинско-корисна работа – Снежана Мирчевска-Дамјановска, претседателката на „Хумана Преспа“ – Гордана Пешевска и претставникот на давателите на услуги, Игор. После воведот, во кој беа дадени конструктивни анализи од анонимните прашалници од корисници, даватели на услуги и граѓани од 2016 и 2018 година, претставникот на УДНП го поздрави истражувањето и ги запозна присутните со насоките кои УНДП ги презема во врска со општинско-корисната работа во нашата држава. Околу шеесетина присутни ја имаа можноста да ги збогатат своите сознанија за оваа проблематика и ние се надеваме дека овој начин на комуникација ќе вроди со плод во понатамошни активности. Се надеваме и дека оваа и другите средби се придонес кон подигнувањето на капацитетите на здруженијата на „Мобилност Македонија“. Забелешката дека не беа присутни општинските претставници на Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила држи со тоа за во иднина тие повеќе да се потрудат да нè слушнат.