13/02/2018

Собрание на „Мобилност Битола“

На 13 февруари 2018 година се одржа Управен одбор на кој се потврдија активностите што беа одржани во текот на 2017, а од особено значење е тоа што бројот на активности од година во година се зголемува, како во квантитет, така и во квалитет. Тоа практично беше вовед во Собранието на „Мобилност Битола“, кое се одржа на 17 февруари 2018, на познатата локација во ресторанот „Корзо“. Собранието е информирано за новите текови што нè заплиснаа и ќе се случуваат годинава, а ја разгледа и одобри досегашната работа и позитивно се изјасни за сите потези кои ги спроведуваше раководството. Минатата 2017 година е успешно завршена со покриена финансиска конструкција и наменско трошење на средствата. Визијата за понатамошната работа е одобрена, а самото собрание практично помина во консензуална атмосфера и верба дека сите предизвици со кои ќе се соочиме во 2018 ќе ги решаваме со оптимизам, добра волја и позитивна енергија. На сите членови на „Мобилност Битола“ им посакуваме добро здравје и остварување на нивните стремежи.