01/04/2018

Kонкурс за одмор и рекреација во Охрид

ПОТСЕТУВАЊЕ за членовите на „Мобилност Битола“ дека конкурсот за одмор и рекреација во Охрид е започнат од 1 април и ќе трае до 15 април, согласно одлуката на УО на „Мобилност Македонија“. Сите заинтересирани ја имаат можноста да аплицираат според правилникот во термините кои се останати. Вообичаено, нашата канцеларијата ќе биде отворена во петок (6 април), вторник (10 април) и петок (13 април), во стандардните термини после 19.00 часот. За членовите од Демир Хисар и Ресен, пријави да се поднесат кај членовите на УО - Олга Николовска (или Горан Димчевски) и Роберт Ламановски. Пристигнатите апликации комисијата ќе ги разгледува најдоцна една недела по истекувањето на рокот, односно до 22 април.