03/08/2018

„Мобилност Битола“ на битолското културно лето

Во соработка со здружението на граѓани „Гурман БТ плус“, престставувано од претседателот Ромео Ацевски, членови на „Мобилност Битола“ (Гордана Тирицовска – Стојановска и Мирко Костовски) учествуваа на тн. Летен базар, кој се одржа од 6 до 8 август на Широк сокак, во рамките на битолското културно лето „Бит-фест“. Беа остварени повеќе контанти со ракотворци од земјата и странство (особено од Руската федерација), а се разговараше и договараше за идна соработка и заеднички настапи, како и обуки на лица со инвалидност во печатарската сфера. Сè на сè, едно одлично искуство и повод за дружење со стари и нови пријатели.