06/09/2018

Квалификации за квиз

На 6 септември 2018 година, „Мобилност Битола“ ги одржа квалификациите за претстојниот квиз на „Мобилност Македонија“, на кој се пријавија вкупно седум кандидати. Од нив, за учество на натпреварите што традиционално се одржуваат во Бања Банско во октомври, се изборија тројца наши членови – Стојан, Сотир и Трендафил. Судиската тројка – Нико, Лидија и Митко – професионално си ја завршија работата и резултатите беа испратени во договореното време. Да им посакаме успешен почеток и добар пласман на нашите натпреварувачи!