14/09/2018

Квалификации за шах

На 14 септември 2018 година, за претстојниот турнир во шах во организација на „Мобилност Македонија“, „Мобилност Битола“ организираше квалификациски натпревар. Од пријавените седум, на мегдан излегоа четири кандидати. После натпреварите, каде секој играше со секого, најуспешен беше Томе Ѓоргиевски со освоени 2,5 бода, а по него Васко Стефановски и Живко Стрезовски со по 1,5 бод, така што наш претставник на турнирот ќе биде Томе, а резерва ќе биде Васко.