25/09/2018

„Преспански јаболкобер 2018“

Како и во изминатите години, „Мобилност Битола“ и годинава учествуваше на традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2018“, која се одржуваше од 25 до 28 септември во Ресен. Ракотворбите на нашите членови беа изложени на претпоследниот ден од манифестацијата, а покрај членовите од Ресен, присутна беше и делегација од Битола. Настанот помина во пријатна атмосфера и кулминираше со договори за идни активности во канцеларијата во Ресен. Активностите продолжуваат.