08/03/2019

„Мобилност Битола“ на базар во Скопје

На 8 март 2019 година во просториите на „Даре Џамбаз“ во Скопје, „Мобилност Скопје“ организираше базар на својата креативна работилница, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март. На овој настан присуствуваше и делегација на „Мобилност Битола“, составена од Лидија, Жане, Фанче и Соте. Во пријатна атмосфера се разменија искуства, мислења и насоки за соработка на креативците од двете здруженија. Овој начин на дружење и договарање заеднички настапи беше проширан и со присутните гости од Врање од Србија, со кои исто така се иницираше соработка. Сè на сè, пријатни и добредојдени контакти за размена на мислења и искуства и понатамошни соработки и активности.