19/03/2019

Управен одбор на „Мобилност Битола“

После изборното собрание во февруари, управниот одбор на „Мобилност Битола“ на 19 март 2019 ја одржа својата прва седница, а новиот состав заедно со членовите на УО имаа значајна задача за одредување на понатамошните насоки на работа во претстојниот период. Откако беше утврден дневниот ред, се даде извештај за активностите меѓу две седници, од кои најзначајни се изборното собрание на „Мобилност Битола“ и конститутивното собрание на „Мобилност Македонија“, каде што нашите избраници имаа значајна улога во работата и претстојните комисии на сојузот. Од одлуките значајно е да се напомене повторното именување на старо-новиот секретар Митко Фидановски, а се утврдија и насоките на делување на креативната работилница и потребите за реализација на активностите. Се потврдија и веќе постари одлуки за прекугранична соработка со Албанија и Грција, односно обновување на контактите. Стана збор и за спроведување на правилникот за надоместоци на „Мобилност Македонија“. Исто така, при спроведување на работилници се реактивира заедничкиот настап со други здруженија од „Мобилност Македонија“ (Скопје, Штип, Кочани, Радовиш и др.). Се потврди и присуство на сите поканети настани и други кои се од интерес на „Мобилност Битола“.

Previous Next