02/04/2019

Успешен почеток на креативната работилница на „Мобилност Битола“

После успешните подготовки, обезбедување на материјално-технички услови, складирање и простор, креативната работилница на „Мобилност Битола“ започна со работа во попладневните часови на 2 април 2019 година, во клупските простории на нашето здружение. Ентузијастите Снежана, Лидија, Фанче, Сотир, Наталија и Николче се обврзаа да ја промовираат оваа активност и првичните контакти со креативците од „Мобилност Скопје“ и од Врање да ги преточат во конкретна активност, за која се надеваме дека ќе прерасне во традиција со повеќе настани и учесници. Им посакуваме успешниот почеток и ентузијазам да се задржи на високо ниво за остварување на целите. Активностите продолжуваат.