04/05/2019

Квалификации во „Мобилност Битола“

На 3 и 4 мај 2019 година, во терените на детската градинка до седиштето на „Мобилност Битола“ беше спроведен квалификациски натпревар во атлетика и пинг-понг. Покрај директно квалификуваните, имаше и други членови од нашето здружение. На квалификациите се потврдија резултатите, а некои и се подобрија. Очекуваме до почетокот на спортските игри нашите избраници и директно квалификуваните да тренираат и да се доведат во најдобра форма за да имаат што подобар настап. Реквизити (ѓуле, диск и копје) има ССРИБ, како и останати реквизити за пинг-понг. Истовремено, во спортската сала се одржаа и квалификации за стрелаштво, каде исто така се потврди формата на веќе избраните кандидати. Со други зборови, „Мобилност Битола“ подготвено ги дочекува претстојните спортски игри во Охрид.

Previous Next