21/11/2019

Работен состанок во Ресен

На 21 ноември 2019 година, на иницијатива на членовите од Ресен, во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа работен состанок. Имено, иницијативата беше на членот на УО Роберт Ламановски, поддржан и од другите членови, како и од раководството на „Хумана Преспа“, за заеднички настап и организирање на манифестација по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 декември. Делегација од „Мобилност Битола“ од Битола – претседателот и два членови од УО – со членот од Ресен го поддржаа овој план и манифестација ќе има. „Мобилност Битола“ ќе го поддржи овој настан, за кој има начелни одлуки на УО од 5 ноември. Ќе се изработи леток и плакат, ќе се набават реквизити и се разбира дека настанот ќе добие поширока димензија. Се очекува и поддршка од општината, а актерите се подготвени. Сите ние – „Мобилност Битола“, „Хумана Преспа“, ОКР и општина Ресен – ве очекуваме на 3 декември во клупските простории во спортската сала.

Previous Next