28/12/2019

Традиционална новогодишна забава

На 28 декември 2019 година, „Мобилност Битола“ традиционално ја организираше и успешно ја изведе традиционалната новогодишна забава во ресторанот „Гламур“, во пријатна атмосфера и во присуство на стотина членови од Битола, Скопје, Прилеп, Кочани и Штип. Манифестацијата беше збогатена и со присуството на претседателот на „Мобилност Македонија“ Бранимир Јовановски со сопругата Јадранка и Драган Дојчиновски, генерален секретар на ССРИМ. Изминативе неколку години пракса е да се организира дневна забава и тоа се покажа како успешно, а задоволството на нашите членови е очигледно бидејќи бројот на заинтересирани и присутни е во пораст. Така нашето осмислено дружење добива на тежина. За доброто расположение се грижеа членовите на „Адути бенд“. „Мобилност Битола“ ќе продолжи да практикува вакво дружење и средби. Признание за организаторите на оваа манифестација, особено на Лидија Велјановска за перманентното ангажирање.