03/12/2019

Концерт во Домот на АРМ во Скопје по повод 3 декември

Во организација на „Мобилност Скопје“ и КУД „Билјана“, на 3 декември беше одржан голем концерт по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, во чии рамки настапија повеќе играорни групи, вокални интерпретатори и други музички изведувачи. Меѓу бројните гости беа и членови на „Мобилност Битола“, кои дома се вратија со одлични впечатоци од настанот.