04/12/2019

Одбележување на денот на „Мобилност Македонија“ во Прилеп

На 4 декември 2019 година, во хотелот „Салида“ во Прилеп беше организирана и успешно изведена манифестацијата по повод Денот на лицата со телесна инвалидност на Македонија. „Мобилност Битола“ учествуваше на оваа манифестација со неколку свои членови, а меѓу присутните беа и градоначалникот на општина Прилеп д-р Илија Јованоски, претседателот на Советот на општината и цел тим соработници. Го ислушавме и поздравивме излагањето на градоначалникот за сработеното и плановите за понатаму, кои се импресивни и за почит. Имајќи предвид дека оваа година беше под знакот на пристапноста, излагањето на претседателот на „Мобилност Македонија“ – Бранимир Јовановски – ги долови сите сегменти на оваа проблематика. Манифестацијата беше збогатена и со културно-уметничка програма од КУД „Моминок“, во придружба на музичкиот ансамбл „Група Чардак“. Сè на сè, една добро организирана и успешно изведена манифестација.