14/12/2019

„Мобилност Битола“ на новогодишна забава во Штип

На 14 декември 2019, „Мобилност Штип“ успешно ја организираше својата предновогодишна забава, а меѓу гостите беа и членови на „Мобилност Битола“, продолжувајќи го трендот на дружење и размена на искуства со другите здруженија. Ги поздравуваме ваквите манифестации кои се во интерес на лицата со телесна инвалидност и го зајакнуваат капацитетот и севкупниот квалитет на живот. Продолжуваме понатаму.