13/11/2020

Донација на Црвен крст и УНИЦЕФ за „Мобилност Битола“

Во текот на последната недела заврши делењето на донацијата од Црвен крст – Битола и УНИЦЕФ за нашето здружение. Истата се состоеше од 100 пакети со храна и хемиски средства, а ние неизмерно сме благодарни на Црвениот крст и на УНИЦЕФ за нивниот придонес во Ковид-кризата која ја зафата нашата земја, но и целиот свет.

И овој пат за комуникацијатаа и реализацијата се погрижи нашата членка и активистка Лидија Велјановска, заедно со секретарот Митко Фидановски, кој беше активно вклучен во реализацијата и другите активности. Како и првата, така и оваа донација опфати нови 50 членови кои доаѓаа во просториите на здружението според сите протоколи пропишани за време на пандемија, во повеќе наврати во текот на неколку денови и почитувајќи ги препораките на здравствените власти.

Се надеваме дека ова е почеток на една долготрајна и плодна соработка со уважената инстуција во нашиот град – Црвен крст Битола.