12/01/2020

Василица 2020

На 12 јануари 2020, членови на „Мобилност Битола“ традиционално ја прославија старата Нова година, популарно наречена Василица. Околу 45 членови, меѓу кои и од „Мобилност Скопје“, уживаа во пријатно дружење во ресторанот „Гламур“, со музика на звучници преку Интернет, засилени со вокалните интерпретации на Гоце и Христина. Се поздравува иницијативата и зголемениот број на заинтересирани членови, а среќната добитничка на паричката годинава е Фанче Георгиевска. Благите лебеди ги направи минатогодишната добитничка Зорка Штифтер. Сè на сè, уште едно одлично и возбудливо дружење кое нема да ги остави рамнодушни и тие што не нè дружеа. Среќна стара Нова година и нека ни е за многу години!