21/01/2020

Креативна работилница во Битола

На 21 јануари 2020 креативната работилница на „Мобилност Битола“ одржа заедничка активност со креативната работилница на „Мобилност Скопје“. Во извонредна, конструктивна соработка беа создадени креации со меѓусебно договарање и почитување. Клупските простории беа целосно исполнети и првобитните интересенти привлекоа и други кои ќе бидат редовни на овие средби. Со ова се докажува дека дружењето и размената на искуства и размислувања за креации ќе додат конструктивен придонес и напредок во општото живеење на нашите членови. „Мобилност Битола“ силно ќе ги поддржува сите вакви активности кои даваат позитивен импулс. Само вака и ќе продолжиме кон нови остварувања на нашите програмски и статутарни цели.