1/09/2020

Спортски активности на наши членови во Ресен

Со активностите на проектот „Спорт за сите“, во организација на здружението „Рекреација“, од 28 август до 1 септември 2020 година се одржа обука за пливање и нуркање, а активно учество зедоа и членови на „Мобилност Битола“ – канцеларија Ресен.

Ги поддржуваме нашите членови Гордана, Александар, Васил и други, кои даваат пример и за другите лица со телесна инвалидност да се вклучат во ваквите активности и да го подигнат капацитетот на своето здравје и просперитет во средината.