3/09/2020

Креативна работилница во Асамати

На покана на креативната работилница на „Мобилност Скопје“, членови на креативната работилница на „Мобилност Битола“ (Лидија, Фанче, Наталија, Николче и Сотир) на 2 и 3 септември 2020 година учествуваа во работата на креативната работилница на „Мобилност Скопје“ во Асамати. Инаку, креативците од Скопје во своите апартмани во Асамати пристигнаа на 1 септември, а официјално завршија со работа на 5 септември.

Ова е уште еден начин на дружење и размена на мислења и идеи во креирање и исполнување на времето на лицата со телесна инвалидност, задоволување на креативните потреби и општо задоволство од постигнатото. Го поддржуваме и практикуваме ваквиот начин на дружење, комуникација и создавање во интерес на подигнувањето на капацитетите на здружените членки на „Мобилност Македонија“.