11/09/2020

Распределба на помош за лекови и ортопедски помагала

Деновиве заврши рокот за пријавување при користење на средства за лекови и ортопедски помагала. „Мобилност Македонија“ секоја година распределува средства (според бројот на членовите), а „Мобилност Битола“ со години наназад со одлуки на УО ја одредува висината на партиципацијата (1.000 денари за лекови и 1.500 денари за ортопедски помагала). Средствата вообичаено се движат во висина на распределените од „Мобилност Македонија“. Во услови на пандемијата на Ковид 19, која и понатаму трае, „Мобилност Битола“ се приклучува кон напорите да помогнеме на сите кои ја побараа нашата поддршка и помош. Активностите продолжуваат.