17/09/2020

Квалификации за Републичкиот квиз-натпревар

На 17 септември 2020 година, со почеток во 17.00 часот, во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа квалификационото тестирање за претстојниот Републички квиз-натпревар што ќе се одржи на 26 и 27 септември во Скопје. На тестирањето се пријавија и учествуваа шест кандидати, кои ги оценуваше комисијата составена од Митко Фидановски, Лидија Велјановска и Димче Христов. Како најуспешни на тестирањето беа оценети Николче Станојовски и Трендафил Јовановски, а ние им посакуваме уште поголем успех понатаму. Согласно правилата на Министерството за здравство за време на пандемија, тестирањето помина според сите протоколи, односно сите присутни носеа маски и одржуваа соодветна дистанца за време на настанот.