23/10/2021

„Мобилност Битола“ на Квиз во Струмица

Во хотелот „Цар Самоил“ во Струмица на 23 и 24 октомври 2021 година беше организирано и успешно спроведено 27. издание на Републичкиот квиз натпревар на здружените членки на „Мобилност Македонија“. Членови на „Мобилност Битола“ традиционално учествуваат на овој настан, а нашите годинашни натпреварувачи беа Јоле Стојановски, Николче Станојовски и Билјана Тодоровска, кои постигнаа солидни резултати и малку недостасуваше да го освојат третото место, па завршија како четвртопласирани во финалето. Ова е голем успех за нашата екипа, која се врати во финалето после повеќе години, а добриот пласман започна уште во квалификациите кога беа први во групата и во полуфиналето втори. Ова драгоцено искуство ќе биде водич за во иднина, кога очекуваме враќање на „Мобилност Битола“ со уште поголем успех во финалната битка. Честитки за нашата екипа и сигурни сме дека следната година пласманот ќе биде уште повисок. Настанот го организираше „Мобилност Македонија“, а сите присутни се придржуваа до мерките за заштита од Ковид-19.