12/11/2021

Републички натпревар во табла во Тетово

Во организација на „Мобилност Тетово и Гостивар“, на 12 ноември 2021 година во Тетово се одржа 11. издание на Републичкиот натпревар во табла, на кој учествуваа дваесетина учесници – членови на здружените членки на „Мобилност Македонија“, а од „Мобилност Битола“ учествуваше нашиот член Сотир Чаушевски од Ресен. Најуспешни годинава беа гевгеличаните Никола Пеев и Илчо Кангов, кои ги освоија првото и второто место, додека трет беше Горан Војновски од Кочани. Солиден резултат покажа и нашиот претставник Сотир, кој стигна до полуфиналето, а ние му честитаме за успехот и му посакуваме уште повисок пласман в година. Овој и сите вакви натпревари во различни дисциплини се за поздрав и треба да ги има во што поголем број, а ние се надеваме дека со секоја година ќе расте и бројот на учесници.