07/12/2021

Донација од „Гаус институт“ за „Мобилност Битола“

По повод 34 од основањето на „Мобилност Битола“, на 7 декември 2021 година, Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење „Гаус институт“ донираше два лаптоп компјутери за нашето здружение. Донацијата ја предаде проф. д-р Игор Неделковски, наш долгогодишен пријател и стратешки партнер, а ја примија секретарот Митко Фидановски и членката на УО Лидија Велјановска. Претседателот прим. д-р Нико Јанков заради здравствени причини беше физички отсутен, но се вклучи онлајн за да се заблагодари за донацијата. Ја користиме пригодата уште еднаш да му се заблагодариме на проф. д-р Неделковски и „Гаус институт“ и се надеваме дека успешната соработка ќе продолжи и понатаму. Настанот се одржа во просториите на „Мобилност Битола“, со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19. Активностите продолжуваат.