27/12/2021

„Мобилност Битола“ на новогодишна забава со Дедо Мраз

Во организација на ССРИ – Битола, на 27 декември 2021 година во спортската сала во Центарот за социјални работи, се одржа новогодишна прослава за најмладите членови и дечиња чии родители се членови на ССРИ – Битола и на „Мобилност Битола“, а поканети беа и дечиња од здруженијата на глуви и слепи од Битола. За забавата да биде уште поголема се погрижи и Дедо Мраз, кој на сите дечиња им подели новогодишни пакетчиња, донација од Општина Битола. Забавата помина со игра и песна, во одлична атмосфера, што се гледаше и од насмевките на сите дечиња. Честитки за нашите членки Лидија и Оливера што организираа ваков прекрасен настан и на најмладите им приредија забава за паметење, за убав крај на една тешка година што помина во знакот на пандемијата. Се надеваме дека наскоро условите ќе дозволат ваквите настани да бидат уште почести и попосетени во иднина. Активностите продолжуваат.