11/05/2021

Зум-состанок на ОССЗ Битола

На 11 мај 2021, во организација на Општинскиот совет за социјална заштита (ОССЗ), се одржа Зум-состанок на кој учествуваа четири претставнички на „Мобилност Битола“ - Фанче Геориевска, Оливера Наковска Бикова, Лидија Велјановска и Наташа Црвенковска. На настанот се дискутираше за изградба и адаптација на пристапни рампи во индивидуални домови, со поддршка од општината во вусина до 61.000 денари. „Мобилност Битола“ и во поранешните консултации со членовите ги даде своите забелешки, како и сега, со зголемен број на учесници во дебатата. Ние ја поддржуваме секоја иницијатива и активност, особено ако има реализирана завршница. Се надеваме дека и оваа иницијатива ќе даде позитивни импулси и ќе ги помести приоритетите на локалната власт во решавање на потребите на лицата со телесна инвалидност, особено оние на кои инвалидската количка им е неопходна.