29/06/2021

Управен одбор на „Мобилност Битола“

На 29 јуни 2021 година, во просториите на „Мобилност Битола“ беше одржана Седница на УО, на која присуствуваа скоро сите членови на УО, претседателот на НО и гости од проектот „Алтер трип“ – проф. д-р Игор Неделковски и Ивона Јанкова, администратор на проектот. Оваа седница е значајна затоа што се донесоа одлуки за проектот, кој треба да започне на 1 јули 2021. После воведното излагање на претседателот и преминување на другите точки на дневен ред, збор зеде проф. Неделковски, кој исцрпно ги информираше присутните за сите детали, чекорите кои следат со сите обврски како партнери во оваа меѓународна соработка. Во претходни објави на нашата веб-страна и на социјалнит мрежи веќе имаме пишувано за суштината и целта на проектот, а сега е значајно како прво избор на комисија која ќе ги распишува и следи сите тендери и договори на кои сме обврзани, и истата ќе се состои од три члена и два резервни члена (во случај еден од првоназначените да биде спечен да присуствува), а тоа ќе биде доволна гаранција дека практично сите членови на УО ќе бидат вклучени во редовните активности и следење на процесот во следните 18 месеци, колку што ќе трае проектот. Да посакаме успешен и плодотоворен процес кој ќе отвори перспективи во нашето целокупно живеење.