16/07/2021

Rаботни позиции на проектот „Alter Trip“,

Здружение на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ БИТОЛА, Битола објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за

Избор на следните работни позиции на проектот „Alter Trip“, кој се реализира во рамките на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020.

1. Менаџер на проектот – 1 кандидат Работните задачи вклучуваат административно, финансиско и техничко менаџирање и администрирање на проектот „Alter Trip“ и се опишани во прилогот JoB_Project Manager.pdf. Комплетниот проект „Alter Trip“ е опишан во прилогот DetailedDescription.pdf - DOWNLOAD PDF. Избраниот кандидат ќе биде ангажиран врз принципот Договор за повремено и привремено извршување на работи и работни задачи (ангажман од 12 работни месеци во периодот 01.08.2021 – 31.12.2022) согласно спецификацијата на работните задачи во прилогот JoB_ProjectManager.pdf и законската регулатива во Република Северна Македонија. Работните обврски се реализираат во просториите на Мобилност Битола или на терен. По потреба ангажираното лице, за потребите на проектот, ќе врши и патувања во државата и странство. Избраниот кандидат ќе потпише Договор на дело и ќе добие надомест за вложениот труд и ангажман согласно буџетот специфициран во прилогот JoB_Project Manager.pdf - DOWNLOAD PDF.

2. Технички персонал – 1 кандидат Работните задачи вклучуваат техничка поддршка на надворешните експерти кои ќе бидат избрани од Мобилност Битола за извршување на стручни работи во проектот „Alter Trip“ и се опишани во прилогот JoB_TechnicalStaff.pdf - DOWNLOAD PDF. Комплетниот проект „Alter Trip“ е опишан во прилогот Detailed-description. Избраниот кандидат ќе биде ангажиран врз принципот Договор за повремено и привремено извршување на работи и работни задачи (ангажман од 5 работни месеци во периодот 01.10.2021 до 31.12.2022) согласно спецификацијата на работните задачи во прилогот JoB_TechnicalStaff.pdf и законската регулатива во Република Северна Македонија. Работните обврски се реализираат во просториите на Мобилност Битола или на терен. Избраниот кандидат ќе потпише Договор на дело и ќе добие надомест за вложениот труд и ангажман согласно буџетот специфициран во прилогот JoB_TechnicalStaff.pdf.

Услови за учество на Јавниот Оглас: 1. Завршено високо образование, најмалку 240 ЕКТС бодови. 2. Претходно искуство со работа на проекти со лица со инвалидитет. 3. Познавање на англиски јазик. 4. Комуникациски, административни, технички и информатички способности. Јавниот оглас е објавен на официјалната веб-страница на Мобилност Битола. Јавниот оглас трае во периодот од 16.07.2021 до 23.07.2021 година. Документација за учество во јавниот оглас се доставува само преку електронска пошта mobilnostbitola@hotmail.com заклучно со 23.07.2021 г. до 24.00 часот.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат:

1. CV во Europass формат со наведено претходно искуство во работа на проекти со лица со инвалидитет.

2. Копија од диплома.

3. Потврда од АВРМ дека кандидатот не е вработен, или дека е вработен со скратено работно време согласно предвидениот ангажман (евентуално и согласност од работодавачот за работа кај друг работодавач) и одредбите на Законот за работни односи.

Познавањето на англискиот јазик ќе се утврди со тестирање/ интервјуирање на кандидатите. Комуникациските, административните, техничките и информатичките способности, исто така ќе се утврдат со тестирање/ интервјуирање на кандидатите. Кандидатурите на кандидатите кои не ги исполнуваат условите од огласот НЕМА да бидат разгледувани и нема да бидат повикани на интервју/ тестирање. Одлучувањето и изборот по јавниот оглас ќе го изврши комисија на Мобилност Битола.

Сите кандидати ќе бидат известени со одлуката на Комисијата и избраниот кандидат со право на жалба на донесената одлука.

Битола, 16.07.2021 г.