22/07/2021

„Мобилност Битола“ на „Струмица опен“

Иако во редуциран состав заради тековната пандемија, членови на „Мобилност Македонија“ традиционално настапија на фестивалот „Струмица опен“, а од „Мобилност Битола“ учествуваше нашиот член Сотир Јоновски – искусен и долгогодишен учесник на оваа манифестација во оркестарот кој ги придружува изведувачите. И оваа година настапија повеќе членови од повеќе здруженија, а како и порано, забележително е учеството на поголеми екипи од „Мобилност Скопје“ и „Мобилност Прилеп“. Посетеноста годинава беше намалена заради протоколите за организација на настани во услови на пандемија, но се надеваме дека во иднина интересот ќе биде многу поголем.