18/09/2021

Креативна работилница

На 18 септември 2021 година, на покана на Креативната работилница при „Мобилност Скопје“, членови на Креативната работилница при „Мобилност Битола“ (Фанче, Лидија, Никола, Бети и Сотир) учествуваа на оваа заедничка активност. Работилницата се одржа во објектите на „Мобилност Скопје“ во Асамати, со почитување на сите Ковид-19 протоколи. После подолг период, ова е прва активност на нашите членови за раздвижување и размена на искуства. Впечатоците и задоволството од дружбата се обострани и се заклучи дека треба да се искористи секоја поволна можност за вакви настани. „Мобилност Битола“ ја поддржува и поздравува секоја активност во помали групи почитувајќи ги протоколите во време на пандемија. На креативците уште еднаш им посакуваме успешен период и плодотворни резултати.