28/09/2021

Квалификации за квиз

На 28 септември 2021 година во просториите на „Мобилност Битола“ се одржаа квалификациите за претстојниот квиз. Од неколкуте учесници најуспешен беше Јоле Стојановски, на второто место се најде Николче Станојовски, а трета беше Биљана Тодоровска, додека Сотир Јоновски е резерва. Настанот беше спроведен по сите протоколи за заштита од Ковид-19, а членови на комисијата беа Митко Стојановски и Лидија Велјановска.