29/03/2022

Златното чупе од Битола

Многу мал број личности можат да се пофалат дека во континуитет од повеќе од 20 години нижат успеси од највисока категорија. Една од нив е нашата Оливера Наковска-Бикова, која во богатата колекција на пехари и медали освоени на државни и меѓународни натпревари на светско ниво, го додаде и европското злато. Таа го освои првото место на Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Норвешка, што е одличен вовед за следните предизвици годинава – Светскиот куп во јули и Светското првенство во ноември. Откако запиша уште еден успех во својата, но и во историјата на македонскиот и светскиот спорт, параолимпијката беше пригодно пречекана од претставници на локалните и националните институции, вклучувајќи го и приемот кај Претседателот Стево Пендаровски. Оливера не само што испишува историја, туку е и ѕведа водилка за сите идни надежни натпреварувачи и натпреварувачки кои ќе влезат во незаборавот. „Мобилност Битола“ се приклучува кон честитките и на својата членка и посакува уште двојно повеќе успеси, добро здравје, лична и семејна среќа. Горди сме на нашето златно чупе и бескрајно благодарни за нејзиниот непроценлив придонес кон нашето здружение. Само напред, Оливера!