16/06/2022

„Мобилност Битола“ на Спортски игри 2022

Од 16 до 19 јуни 2022 во Охрид и Струга се одржаа 34. Спортски игри на „Мобилност Македонија“. На истите учествуваа околу 80 учесници, а од „Мобилност Битола“ се натпреваруваа осум натпреварувачи. По пауза од две години, заради Ковид пандемијата, повторно дружење и нови лица. Малку побавни, но сѐ уште орни и спремни за предизвици. За разлика од минатите години, кога имавме повеќе носители на медали, годинава имаме само една – нашата Оливера. Останатите 7 успеаја да се изборат за директен пласман идната година. Сѐ на сѐ, можеме да бидеме задоволни, иако очекувањата беа поинакви. Се надеваме дека догодина со нови сили и сериозни подготовки ќе имаме добар пласман и повеќе носители на медали. Довидување до в година.