11/08/2022

Креативна работилница во битолско Долно Српци

Во периодот од 11 до 13 август 2022 година, во с. Долно Српци во близина на Битола, се одржа креативна работилница на „Мобилност Битола“ и „Мобилност Скопје“. Оваа средба веќе станува традиционална и добива нова димензија во креативноста на членовите од двете здруженија. Во срдечна атмосфера, во текот на трите дена се постигнати значајни резултати со уменичките творби создадени од десетината креативци кои уживаа во опуштеното дружење, а нашиот член Николче се докажа како одличен домаќин. Оваа година палетата на креации се збогати и Фанче, Гоце, Никола, Христина, Бети, Дејан, Лидија, Горан, Маре и Наталија веќе размислуваат за нови дружења и предизвици. Овие активности се репер за збогатување на општото живеење и активирање на лицата со телесна инвалидност, и потврдува дека имагинацијата во реални рамки и во опуштена атмосфера има неограничени можности за креативно изразување и уживање во плодовите на успешноста и задоволството во животот. Ги поздравуваме и поттикнуваме ваквите активности, особено кога институциите на системот на локално, државно и меѓународно ниво ја следат, прифаќаат и стимулираат истата. Активностите продолжуваат.