12/09/2022

Квалификаии за квиз

На 12 септември 2022 година, во просториите на „Мобилност Битола“ со почеток во 17.00 часот започнаа квалификациите за квизот кој секоја година го организира „Мобилност Македонија“ и каде што учествуваат членови од сите здружени членки на Сојузот. Настанот беше најавен на нашата страница на Фејсбук, но интересот кај нашите членови не наиде на поголем одзив. Овој загрижувачки тренд продолжува и е присутен веќе неколку години, и покрај тоа што „Мобилност Битола“ има многу квалитетни квизаџии, но во последно време не доаѓаат. Ако порано требаше да ги резредуваме, сега сликата е сосема поинаква. Сепак, процедурите се запазени, а на триото Николче Станојовски, Кире Ангелковски и Стеван Цветановски му посакуваме мирен натпревар и добар пласман, нека ги следи знаење и среќа!