14/11/2022

Оливера светска шампионка!

Откако во март годинава стана европска шампионка, нашата членка Оливера Наковска Бикова се закити со уште еден златен медал, стекнувајќи се со титулата светска шампионка! Параолимпијката го испука најдобриот резултат во нејзината кариера во дисциплината П4-Пиштол на Светското првенство во стрелаштво, кое годинава се одржа во Ал Аин, Абу Даби (ОАЕ). Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, Оливера уште еднаш достојно ја претстави нашата земја пред светот. Наковска-Бикова годинава беше одликувана и со орденот „8 Септември“, доделен од Претседателот Стево Пендаровски, како и со четвртоноемвриската награда за едногодишно достигнување од областа на спортот во родната Битола. „Мобилност Битола“ ѝ го честита успехот на Оливера, која продолжува да биде инспирација, не само за нашите членови, туку и за цела Македонија!