29/11/2022

УО на „Мобилност Битола“

На 29 ноември 2022 година, во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа седница на Управниот одбор, на која присуствуваа претседателот прим. д-р Нико Јанков, секретарот Митко Фидановски и членовите Фанче Георгиевска, Олга Николовск+а, Лидија Велјановска и Сотир Јоновски, претседателот на Надзорниот одбор Димче Христов и членот на НО - Кире Ангелковски, како и менаџерката на проектот „Алтер трип“, Ивона Јанкова. По усвојувањето на дневниот ред, меѓу другото, се дискутираше и за претстојните одбележувања на 3 и 4 декември, одбележувањето на јубилејот – 35 години од основањето на здружението, новогодишната прослава, активностите во рамките на проектот „Алтер трип“ и останати актвности и планови за периодот што следи. Заради зголемените трошоци за струја, УО донесе одлука да побара финансиска помош од „Мобилност Македонија“ Во однос на проектот „Алтер трип“, менаџерката ги образложи досегашните сработени активности и оние што ќе следат допрва, како што е промоцијата на алатките за пристапен туризам и инфо-деновите во два градови во Пелагонискиот регион.