04/12/2022

„Мобилност Битола“ ги одбележа 3 и 4 декември

На 4 декември 2022 година, во спорската сала на ЗИО, „Мобилност Битола“ за своите членови организираше прослава по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември и Националниот ден на лицата со телесен инвалидитет – 4 декември. Дружењето во пријатна атмосфера беше дополнето и со натпревар во пикадо, во машка и во женска конкуренција, а за најдобрите следуваа и симболични парични награди, и тоа по 500 денари за првопласираните, по 300 денари за второпласираните и по 200 денари за третопласираните. Во женската конкуренција, најдобар успех постигна Лидија Велјановска, втора беше Василка Кулуковска, а трета Наташа Црвенковска, додека кај мажите триумфираше Живко Петроски, на второто место се најде Митко Фидановски, а на третото Кире Ангелковски. Настанот беше одличен вовед за претстојната прослава по повод 35 години од основањето на „Мобилност Битола“, која ќе се одржи на 17 декември 2022, но и како загревање за празничната сезона и дружбите што ќе ни продолжат по пауза од две години. Активностите продолжуваат.